Осло не исклучува времено затворање на копнената граница со Русија

Од:

Норвешката Влада не исклучува можност времено да го затвори единствениот граничен премин на копнената граница со Русија, бидејќи од Федерацијата во Кралството пристигнуваат се повеќе бегалци од блискоисточни држави. Тоа за весникот „Афтенпостен“ го изјави норвешкот министер за правда и јавна безбедност, Андерш Анјундсен.

– Ги разгледуваме сите можности и во моментот водиме дијалог со руските власти од кој за сега немаме резултат, изјави тој.

Над три илјади бегалци пристигнале оваа година во задполарните реони во Норвешка од Русија преку граничниот премин Стурскуг. Над 90 отсто од нив пристинале во изминатите два месеца. Првично повеќето биле Сиријци додека сега над половината молби за азил се од Авганистанци.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски