Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков

Од:

Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков.

Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата.

„Мораме да дејствуваме сега за да избегнеме нуклеарна несреќа во Украина што може да има сериозни последици за здравјето и животната средина. Не можеме да си дозволиме да чекаме“, наведе Гроси.

Руските сили ја презедоа украинската нуклеарна централа Запорожжје откако гранатирањето предизвика пожар во зграда за обука. Претставници на МААЕ изразија сериозна загриженост поради управувањето со најголемата нуклеарна централа во Европа, што сега е под контрола на руската војска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО