„Оруч рејс“ го напушти грчкиот континентален гребен

Од:

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч рејс“, од рано утрово плови североисточно и повеќе не е во грчкиот континентален гребен, според медиумите во Грција, туку веќе е навлезен во кипарскиот, но и во рамките на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција ја смета за нелегална.

Онлајн изданието на весникот „То вима“ коментира дека турскиот брод и понатаму, внимателно го следи грчката флота. Ова е втор пат „Оруч рејс“ да го промени правецот и да излезе од, како што тврди Атина, грчкиот континентален гребен.

Минатата седмица следеше речиси идентична рута како и денешната, но наместо да продолжи кон пристаништето во Анталија, одново се врати во делот јужно од грчките острови Родос и Кастелоризо.

Турција смета дека издадената навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран за периодот од 10 до 23 август е легална и се однесува на турскиот континентален гребен, наспроти ставот на Грција, која тврди дека е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат