Претседателот на Никарагва Даниел Ортега најави синоќа дека е откажана планираната реформа за социјална заштита, која предизвика протести во претходните денови во кои настрадаа седум лица.
– Претходната резолуција, од 16 април, која ја започна целата оваа ситуација, е отповикана, поништена, ставена настрана, истакна Ортега.
Протестите во средата ги почнаа работниците и работодавачите во Никарагва, гневни поради планот, со кој тие ќе мораа да издвојуваат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидуваше и намалување на пензиите за пет отсто.
Тоа воедно беа и најголемите протести и најголемата криза, која ја зафати централноамериканската држава откако Ортега пред 11 години дојде на власт.
Во текот на протестите, многу локали беа ограбени и искршени, а според опозицијата настрадале дури 25 лица.