Орбан: Урсула фон дер Лајен повторно бара повеќе пари за Украина, астрономска сума што не постои

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, повторно побарала од земјите-членки на ЕУ дополнителни средства за финансирање на Украина и војната и нагласи дека станува збор за „астрономска сума што денес не постои“.

Орбан на Фејсбук изјави дека претседателот на ЕК бара дополнителни 135 милијарди евра во текот на две години, што, според него, е 65 проценти од годишното економско производство на Унгарија, седум години пензии за сите унгарски пензионери и речиси три четвртини од годишниот буџет на ЕУ, објави МТИ.

„Астрономска сума што денес не постои. Едноставно не постои“, рече Орбан на платформата X, во објава идентична со онаа на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Орбан: Унгарија им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во Украина

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија