Орбан укажува на замор во проширувањето на ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека западните земји во Европската унија патат од „замор од проширување“ и новите членки ги користат како жртвени јагниња за своите проблеми.

Орбан, исто така, во изјава за државното радио укажа дека земјите како Србија да беа членки на ЕУ, во време на мигрантската криза во 2015 година „ илегалната миграција немаше да стигне до Германија“.

Унгарскиот премиер каже дека очекува поранешниот министер за правда Ласло Трочањи, именуван за нов еврокомесар за проширување, да се соочи “со врели моменти“ за време на претстојното сослушување во Европскиот Парламент што треба да го одобри новиот состав на Европската Унија.

Унгарија е соочена со отвоена постапка во ЕУ за почитување на владеењето на правото и демократските процедури, вклучувајќи ги и законите усвоени додека Трочањи бил министер за правда. Орбан, меѓутоа, вели дека на Трочањи не може ништо професионално да му се забележи и дека единственото нешто што може да му се забележи е „тоа што е Унгарец“.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа