Орбан: Трамп призна дека Унгарија нема алтернатива на руската нафта и гас

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини за недостатокот на пристаништа или алтернативни цевководи“.

Унгарскиот премиер денес објави, речиси синхронизирано со обвинувањата на шефот на дипломатијата Петер Сијарт, видео на платформата X во кое тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп признал дека Будимпешта „нема алтернатива на рускиот гас и нафта“.

„Унгарија е без излез на море. Како што правилно истакна претседателот Доналд Трамп: Не можеме да бидеме обвини за недостатокот на морски пристаништа или алтернативни цевководи и го цениме неговото препознавање на оваа реалност“, рече тој. Трамп претходно рече дека сите европски земји треба да престанат да купуваат руски енергетски производи.

„Ако бидеме отсечени од руска нафта и гас, нашата економија би паднала за 4%, семејствата би страдале, а сметките за енергија би се зголемиле. Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место“, додаде Орбан.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ