Орбан: Не се откажувам од блокадата на Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште еднаш јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови.

„Нема причина сега да се преговара за членството на Украина. Мора да се вратиме на тоа прашање кога Украина ќе ги исполни предусловите“, рече Орбан пред почетокот на самитот на ЕУ.

Главните теми на самитот се проширувањето – лидерите ќе се обидат да постигнат договор за отворање на преговорите со Украина и Молдавија – и ревизијата на повеќегодишниот буџет, кој е поврзан и со Украина.

Орбан, исто така, се противи на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина до 2027 година.

Унгарскиот премиер порача и дека треба да почекаме да се одржат европските избори и потоа да се обидеме да постигнеме консензус за отворање на преговорите со Украина. Тоа значи дека тој предлага да се одложи одлуката за отворање преговори со Украина за најмалку шест месеци.

Со оглед на постојаното противење на Орбан на тие клучни одлуки за ЕУ, се очекува овој самит да трае долго.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војната

Орбан им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука