Орбан: На Украина ѝ е потребен прекин на огнот, „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребен прекин на огнот, преговори и мир, и дека „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“.

Орбан на состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент во францускиот град Морман-сур-Вернисон изјави дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да ги убедат луѓето дека војната мора да продолжи, објави унгарската новинска агенција МТИ.

„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, рече тој.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја е „црна овца“ на Европската Унија и кошмар за Брисел, додека претставува надеж за европските патриоти.

„Не сакаме Брисел да воведе воена економија под изговор на војна, не сакаме да зема огромни кредити, да ги федерализира парите на земјите-членки и да ги вовлече нашите земји во трка во вооружување. Ве молам да ги запрете“, им рече Орбан на учесниците на состанокот.

Според него, Брисел ѝ се заканува и ја уценува Унгарија со финансиски санкции затоа што не пушта мигранти во земјата, но Будимпешта би сакала да им плати отколку да им дозволи на мигрантите да ја уништат безбедноста на унгарските градови и улици.

„Се бориме за семејствата и татковината, дури и ако треба да се соочиме со целата бирократија на Брисел“, заклучи унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени