Орбан: На Украина ѝ е потребен прекин на огнот, „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребен прекин на огнот, преговори и мир, и дека „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“.

Орбан на состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент во францускиот град Морман-сур-Вернисон изјави дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да ги убедат луѓето дека војната мора да продолжи, објави унгарската новинска агенција МТИ.

„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, рече тој.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја е „црна овца“ на Европската Унија и кошмар за Брисел, додека претставува надеж за европските патриоти.

„Не сакаме Брисел да воведе воена економија под изговор на војна, не сакаме да зема огромни кредити, да ги федерализира парите на земјите-членки и да ги вовлече нашите земји во трка во вооружување. Ве молам да ги запрете“, им рече Орбан на учесниците на состанокот.

Според него, Брисел ѝ се заканува и ја уценува Унгарија со финансиски санкции затоа што не пушта мигранти во земјата, но Будимпешта би сакала да им плати отколку да им дозволи на мигрантите да ја уништат безбедноста на унгарските градови и улици.

„Се бориме за семејствата и татковината, дури и ако треба да се соочиме со целата бирократија на Брисел“, заклучи унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Харков, има голем број ранети

Политико: Украина има нов подмолен непријател – сопственото државно раководство

Горан Наумовски

Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата

Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели

Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне, туку ќе ја одведе Унијата во војна

Сирски: На Украина итно и требаат ветените ракетни системи за да може да војува

Горан Наумовски