Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека ќе ја започне кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат следната година „со здрава и историски заснована самодоверба“.

Орбан изјави дека неговата партија Фидес нема потреба да се сомнева во својата победа.

„Ќе победиме на следните избори, тоа е планот“, рече премиерот Виктор Орбан во интервју за Кроника Онлајн.

Секогаш постои голема национална партија, сега тоа е Фидес, која се бори за независноста на земјата, за историската вистина, а секогаш постои сомнителна меѓународна формација платени и одржувани од странство, а предводени од покраински лидери кои се обидуваат да ја преземат власта со пари и влијание од странство, нагласи унгарскиот премиер.

Тој додаде дека опозицијата е иста како што била отсекогаш, дека менува „само облека“.

„Опозицијата е опозиција, таа е тука за да ви дише во вратот, тоа е нејзина работа. Но, важно е да ви дише во вратот, односно да биде зад вас, а не напред, и сè додека е така, тогаш тоа не е проблем“, рече унгарскиот премиер.

Орбан, исто така, истакна дека е премиер на Унгарија дваесет години, откако победи на пет избори – последните четири по ред.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Виктор Орбан ги повикува поддржувачите да се спротивстават на „тиранијата“ на Петар Маѓар