Орбан го блокираше пакетот воена помош на ЕУ за Украина во вредност од 500 милиони евра

Од:

Унгарија ја блокираше воената помош вредна половина милијарда евра во седмиот ваков пакет во рамките на Европскиот мировен фонд, изјави висок дипломатски извор од ЕУ за полската РМФ.

Земјите членки на ЕУ ќе се обидат да ја убедат Будимпешта да го промени ставот во понеделник за време на состанокот на министрите за надворешни работи. Претходно, Унгарија само се воздржа од гласањето за поддршка на Европскиот мировен фонд за Украина, но не го блокираше.

Меѓутоа, во декември Унгарија блокираше 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. ЕУ на крајот најде начин да ги испрати парите. Сличен резервен план, наводно, сега е на маса.

„Тешко е за една мала, проруска држава која има исклучоци од сите санкции да ја диктира позицијата на целата ЕУ“, изјави дипломат на ЕУ за РМФ МФ.

Унгарија предизвика дополнителен гнев во земјите од Европската унија, бидејќи сака да отстрани неколку руски олигарси од црната листа на санкции на ЕУ, без никакво објаснување.

„Тоа е исто како да барате амнестија за некој кој е осуден, бидејќи тие што се на црната листа се на неа бидејќи има докази за тоа“, вели дипломатот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“