Орбан: Брисел го прифати секое украинско барање, но ние нема да плаќаме

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговиот говор во Давос, во кој, според Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската влада и него лично“.

Сепак, како што истакна Орбан во својата објава на мрежата X, Зеленски, исто така, ги критикуваше „сите други европски лидери“.

„Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволна и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме Брисел да одговори. Синоќа, (претседателката на Европската комисија, Урсула) фон дер Лајен, презентираше план за развој на Украина. Во него, Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзано пристапување кон ЕУ до 2027 година и продолжена поддршка до 2040 година“, рече Орбан.

Тој рече дека Зеленски „сè погрешно сфатил“, но дека Брисел е „нетрпелив да плати“.

„Ќе кажеме и неколку зборови за тоа. Доаѓа национална петиција, со која можеме да испратиме јасна порака до Брисел: нема да плаќаме“, заклучи Орбан.

Во своето вчерашно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски, меѓу другото, ги илустрираше своите ставови споредувајќи го со филмот „Денот на мрмотот“, велејќи дека Европа, како и хероите во филмот, „ги повторува истите зборови“ без да ги менува своите постапки, и покрај изминатата година и повторените апели дека „Европа знае како да се брани“.

Би можело да ве интересира

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

Зеленски го одликуваше дисквалификуваниот украински олимпиец кој санкаше со посебна кацига

А1он

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција

Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна против Унгарија