Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес, по повод годишнината од презентацијата на извештајот на поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, за иднината на европската конкурентност, изјави дека Европската Унија ја губи конкурентноста и дека „бриселските бирократи сè уште не го сфаќаат тоа сериозно“.

„Пред една година, Марио Драги предупреди во Будимпешта дека конкурентноста на Европската Унија е „уништена“. Бирократите во Брисел не го сфаќаа тоа сериозно. Денес, според Драги, ситуацијата е уште полоша. Брисел е на погрешен пат. Да продолжиме по својот, унгарски пат!“, напиша Орбан на Фејсбук, заедно со фотографија со Драги.

Тој нагласи дека во таков европски контекст, Унгарија мора да го одржи својот пат на развој, додавајќи дека тоа е можно.

Би можело да ве интересира

Унгарија избира: Орбан и Русија или пресврт кон ЕУ и либерална демократија

Горан Наумовски

Сијарто: Нападот врз „Турски тек“ е напад врз суверенитетот на Унгарија

Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он