Орбан: Бев принуден да гласам за помош на ЕУ за Украина

Од:

Унгарскиот премиер вчера говорејќи за својата одлука да не го искористи ветото на самитот во Брисел рече дека на тој начин го избегнал ризикот Будимпешта да ги загуби средствата од Европската Унија. Виктор Орбан тврди и дека бил „турнат до ѕид“ за да го одобри договорот на ЕУ за испраќање нова помош за Украина. Тој за државното радио изјави дека одлуката што ја донел во четвртокот е добра, бидејќи ако Унгарија ставила вето на новата финансиска помош на ЕУ за Украина, другите 26 членки на унијата ќе се согласат да испратат помош, а на Будимпешта ќе и биде одземена средства наменети од европските фондови, јави Ројтерс.

Орбан тврди дека успешно спречил пренасочување на унгарските пари од фондовите на ЕУ во Украина, објави агенцијата МТИ.

„Ние не испраќаме оружје (во Украина), ги добиваме нашите пари од Брисел и ќе придонесеме за цивилното финансирање на Украина“, рече Орбан.

Тој повтори дека треба да почнат мировните преговори меѓу Украина и Русија, оценувајќи дека времето е на страната на Русите, како и дека Брисел треба да ги насочи сите свои напори на што поскоро постигнување примирје, по што би следеле мировни преговори. Орбан посочи и дека по самитот на ЕУ, Украина повеќе ги почитува правата на унгарското малцинство во регионот Закарпатија.

Тој рече дека на украинските земјоделски производи не треба да им се дозволи влез на европскиот пазар под сегашните услови, тврдејќи дека „најдобро би било воопшто да не им се дозволи“. Унгарскиот премиер посочи дека на самитот на лидерите на ЕУ имало жестока дебата за ова прашање и дека неколку од нив ја повикале Европската Комисија да не дозволи увоз на украински земјоделски производи.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски