ВИДЕО:Општа буна во Словенија, судири во Марибор

Од:

Во Марибор, каде што се собраа околу 10.000 демонстранти на протестите против градоначалникот, но и против сите политичари што се на власт во Словенија, вечерва дојде до насилство и судир на демонстрантите со полицијата.

Полицијата реагирајќи на фрлањето со шишиња, петарди, камења и факели на општинската зграда, почна да ги потиснува демонстрантите и побара од нив да завршат со протестот.

Полицијата фрли и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Дојде до неколку апсења, полициски хеликоптер го надлетуваше местото, а беше испратено и полициско засилување за да помогне во растерувањето на масата луѓе.

Протести има во речиси сите словенечки градови.

Во Целје 10 демонстранти се приведени, а вечерашните протести во сите словенечки градови веќе беа најавени како „побуна и општонародно востание“.

Демонстрантите бараат оставки од сите политичари, без исклучок. Протестите продолжуваат и следните денови.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски