Опозицијата во Шри Ланка на состанок во обид да се договори за формирање нова влада

Од:

Лидерите на опозициските политички партии во Шри Ланка денеска се состануваат за да се договорат за формирање нова влада, откако претседателот и премиерот на островската држава се согласија да поднесат оставка.

Вчерашниот ден беше кулминација на неколкумесечните протести поради економската криза, откако демонстрантите упаднаа во резиденциите на претседателот и премиерот и изјавија дека ќе останат таму до оставките.

Пратеникот од опозицијата М.А. Сумантиран рече дека обединетата опозиција лесно ќе ги собере потребните 113 гласови за парламентарно мнозинство, по што ќе побараат од претседателот Готабаја Раџапакса да назначи нова влада и самиот да се повлече.

Пратеникот додаде дека партиите се надеваат дека ќе постигнат договор денеска.

Премиерот Ранил Викремесингхе вети дека ќе се повлече кога ќе биде избрана новата влада. Неколку часа подоцна, претседателот на парламентот Јапа Абејвардена рече дека Раџапакса ќе поднесе оставка в среда. Во случај на оставка на премиерот и претседателот според уставот, в.д шеф на државата станува првиот човек на парламентот.

Притисокот за оставки доаѓа во време на масовни протести поради недостигот на храна, гориво и основни производи, и што Шри Ланка исто така се соочува со банкрот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска