Десетина политички и јавни организации во Никарагва се договорија да дејствуваат заедно како опозициска сила со цел да се смени од власт на демократски начин претседателот Даниел Ортега, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од новоформираната група.
Групата, која се нарекува „Национален сојуз сино и бело“ соопшти дека е неопходен национален дијалог за полтиичката криза во земјата.
Никарагва е потресена од серија протести кои избувнаа во април кога Ортега се обиде да „протурка“ непопуларна реформа за социјалното осигурување. Протестите беа задушени со употреба на сила по што следуваа нови антивладини демонстрации. Според податоците на Високиот комесар на ОН на човекови права убиени се над 320 лица.
Новата опозициска коалиција соопшти дека главното барање е Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, која е потпретседател да ја напуштат власта.