ОПЕК ја намалува прогнозата за побарувачката на нафта поради војната во Украина

Од:

ОПЕК ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во својот најнов пазарен извештај објавен денеска, припишувајќи го падот првенствено на војната во Украина.

Организацијата на земјите извознички на нафта сега предвидува дневната побарувачка во текот на 2022 година да достигне 100,5 милиони барели, што е за 400.000 барели помалку во однос на претходната прогноза.

Други фактори кои го поттикнуваат падот го вклучуваат ширењето на варијантата на коронавирусот Омикрон во Кина и други земји, соопшти нафтениот картел.

Производството на сурова нафта во Русија се очекува да се намали за околу 500.000 барели дневно до дневен просек од 11,2 милиони барели, соопшти организацијата.

САД и ЕУ воведоа санкции за инвестиции и извоз на технологија во Русија како реакција на инвазијата на Кремљ на Украина.

Тринаесеттте земји-членки на ОПЕК тесно соработуваат со Русија, главен производител на нафта која не е дел од картелот, и со други извозници на нафта преку постигнување договори за количините на производство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот