Конфликтот во Јужен Судан брзо премина во етничко насилство и има опасност судирите да прераснат во геноцид, предупреди вчера специјалниот советник на ОН за спречување на геноцид Адама Диенг.
– Во сегашната ситуација гледаме елементи, кои може да ги дефинираме како ризични фактори за геноцид и други сурови злосторства, изјави Диенг пред Советот за безбедност на ОН.
Веќе гледаме почетоци на она што доведе до геноцид во Руанда, истакна Диенг, пренесува ДПА.
Илјадници луѓе загинаа, а над 1 милион лица беа протерани од родните места од борбите што избувнаа во декември минатата година меѓу војниците, што го поддржуваат јужносуданскиот претседател Салва Киир и војниците, лојални нa поранешниот потпретседател, а сега негов противник Риек Мачар.