Опаѓа бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19 во Германија

Од:

Во Германија, уште 2.458 лица се заразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 139.897 лица, соопшти Институтот Роберт Кох.

Најновите податоци покажуваат дека бројот на заразени лица се намалува, по четиридневен континуиран раст.

Исто така, намален е и бројот на смртни случаи.

Според најновите податоци од Институтот Роберт Кох, пријавени се уште 184 смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна 4,294. Вчера имаше 242 смртни случаи, а во петокот 299 .

Според универзитетот Џонс Хопкинс, Германија има стапка на смртност од 3,1 процент, додека Белгија има највисока стапка на смртност во светот, со 14,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија