Околу 8.900 мигранти се спасени во последните неколку денови во Медитеранот, соопшти денеска Агенцијата на Обединети нации за миграција.
Од 24 јуни до денеска спасени се 8.864 мигранти додека по морски пат се обидувале да стигнат до Европа во несоодветни гумени и рибарски чамци на криумчарите со луѓе.
Криумчарите од Либија користат што морето е мирно и во чамци превезуваат голем број мигранти до Италија.
Патролниот брод на ФРОНТЕКС денеска пристигна во Калабрија со 520 мигранти.