ОН треба да уништат илјадници тони храна која е неквалитетна и доставена до државата по земјотресите во април и мај. Во двата земјотреса – на 25 април и 12 мај, загинаа речиси 9.000 луѓе и над 22.000 се повредени додека над 500 илјади домови беа урнати.
Светската програма за храна раздаде над 6.500 тони ориз и друга храна за околу два милиона луѓе погодени од земјотресот.
Непалските власти по контрола на дел од храната соопштија дека дел од оризот и другата храна е „неупотреблива за човечки конзумирање“. Меѓу тоа количество се и 500 тони сув грав складиран во Непалгунџ во југозападниот дел од државата и шест тони ориз во Лапрак, во централниот округ Горха.
Од Светската програма за храна соопштија дека храната ќе се врати кај доставувачите откако владата на Непал ќе подготви соодветна документација.