ОН: Трамп го крши меѓународното право со помилувањето на обезбедувачите од „Блеквотер“ кои убија цивили

Од:

Помилувањето од американскиот претседател Доналд Трамп на четворицата Американци, осудени за убиствата на ирачки цивили додека работеле како обезбедувачи во 2007 година, претставува кршење на американските обврски кон меѓународното право, соопштија денеска експерти за човекови права на ОН.

Никола Слатен е осуден за убиство со умисла, а Пол Слоу, Еван Либерти и Дастин Херд се осудени за убиство од немарност и за обид за убиство, во инцидентот во кој американските обезбедувачи пукале на плоштад во Багдад и убиле 14 невооружени ирачки цивили, вклучувајќи и жени и деца.

Ирачката и американската Влада по истрагата тврдеа дека немало причина за пукањето.

Четворицата платеници, кои работеле за приватната безбедносна компанија „Блеквотер“, сопственост на братот на министерот за образование во администрацијата на Трамп, се вклучени во бранот помилувања пред Божиќ објавени од Белата куќа.

-Простувањето за платениците на Блеквотер е навреда за правдата и за жртвите на масакрот во Нисур и нивните семејства, изјави Јелена Апарац, претседателка на работната група на Обединетите нации.

Женевските конвенции ги обврзуваат државите да обезбедат воените злосторници да одговараат за своите злосторства, дури и кога дејствуваат како платеници на компанија за безбедност, велат експертите на ОН.

-Овие помилувања ги кршат обврските на САД кон меѓународното право и пошироко ги поткопуваат хуманитарните и човековите права на глобално ниво, додава таа.

Овозможувајќи им на приватните обезбедувачи да „дејствуваат неказнето во вооружен конфликт“, државите ќе бидат охрабрени да ги заобиколат своите обврски за хуманитарно право, наведуваат експертите на ОН.

Многумина во САД остро ги критикуваа помилувањата. Генералот Дејвид Петреус и Рајан Крокер, командантот на американските сили и американскиот амбасадор во Ирак за време на инцидентот, помилувањата на Трамп ги нарекоа „крајно штетни“, односно дека тоа била акција што на светот му покажува дека Американците во странство можат неказнето да извршат најгрозни злосторства.

Во изјавата за помилување, Белата куќа наведе дека потегот на Трамп е „широко поддржан од јавноста и од републиканските пратеници“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд