ОН: Советник на Трамп кршел ембарго за оружје за Либија

Од:

Поранешен офицер на американската морнарица и основач на приватна воена компанија Blackwater USA, Ерик Принс, некогаш близок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекршил ембаргото на ОН за извоз на оружје во Либија. Тоа се случило заедно со три компании од ОАЕ и нивни менаџери за време на операција за помош на воениот командант на бунтовниците да го заземе Триполи, велат експертите на ОН.

Во главниот дел од извештајот до ОН, во кого имале увид американски медиуми, панелот експерти наведуваат дека „операцијата на скапа приватна воена компанија“ наречена „Проект опус“ е направена за да се обезбеди воена опрема за командантот Калифа Хафтар .

Во проектот „Опус“ има и план за киднапирање или елиминирање на важни цели во Либија“, велат експертите на ОН.

Принс и друг човек од извештајот негираа дека сториле нешто лошо, а планот први го објавија Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

Во април 2019 година, Хафтар и неговите сили, поддржани од Египет и ОАЕ, почнаа офанзива и се обидоа да го освојат Триполи. Нивниот напад заврши неуспешно откако Турција даде воена поддршка на признатата од ОН влада со помош на стотици војници и илјадници платеници од Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски