ОН: Секојдневно по две деца бегалци го губат животот во Медитеранот

Од:

Просечно по две деца се дават секојдневно од септември минатата година при обид на нивните семејства да го преминат Средоземно Море, предупредија денеска УНХЦР, УНИЦЕФ и Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Во заедничко соопштение на трите организации се апелира за зголемување на безбедноста за оние лица кои бегаат од конфликтот.

Како што се наведува, од септември кога трагичната смрт на момчето Ајлан Курди го потресе светот, во источниот дел на Медитеранот се удавиле повеќе од 340 деца, а вкупниот број на настраданите деца би можел да биде поголем бидејќи нивните тела никогаш не се пронајдени, напоменуваат агенциите.

– Не можеме да ги игнорираме трагедиите на толку загубени невини млади животи – изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море