Поплавите во централниот дел на Сомалија погодија речиси еден милион луѓе, додека други 400.000 лица беа принудени да ги напуштат домовите, соопштија Обединети нации.
Најмалку 24 луѓе загинаа во поплавите во Беледвејне и Џовхар, два земјоделски центри во централна Сомалија.
Тоа подрачје и минатата година беше поплавено, поради што повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија домовите.
Дистриктот Беледвејне во регионот Хиран е најтешко погоден откако реката Шабеле на 12 мај се излеа и поплави 85 отсто од градот Белет Вејн и 25 села.
Во градот Беледвејне постои голем ризик од избивање на болести бидејќи се уште паѓа дожд во Сомалија и на висорамнините на соседна Етиопија.