Во неодамнешните борби во Либија загинаа стотици цивили, а стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, соопштија денеска Обединетите нации, барајќи правда поради сериозното кршење на човековите права и евентуалните воени злосторства.
Во заедничкиот извештај на Канцеларијата на ОН за човекови права (УНХЦР) и Мисија за поддршка на ОН во Либија (УНСМИЛ) се предупредува дека од мај е забележан пораст на насилството ширум Либија и бројни кршења на човекови права, вклучително и киднапирање на цивили, мачење и егзекуции.
– Кршењата продолжуваат без казна. Немаше никакви напори да се спречат, изјави портпаролката на УНКЦР Равина Шамдасании, предупредувајќи оти голем број злосторства можат да се оценат како воени злосторства.
Три години по соборувањето и убиството на либискиот лидер Моамер ел Гадафи, Либија е преплавена со оружје и моќни милиции, а има и две спротиставени влади и парламенти.