ОН повика за помош на 2,5 милиони луѓе во Јужен Судан

Од:

ОН упати повик за прибирање на средства во висина од 1,8 милијарди долари за помош на над 2,5 милиони лица во Јужен Судан, каде веќе 13 месеци се води граѓанска војна.

По дводневната посета на земјата, шефицата на хуманитарните операции на ОН Валери Ејмс ситуацијата во Јужен Судан ја оцени како состојба на општо уништување и неподносливо ниво на страдање.

– Потребно е борбите да престанат и да се воспостави мир, изјави Ејмс на донаторска конференција во главниот град на Кенија, Најроби, каде се наоѓа регионалното седиште на ОН.

Ејмс нагласи дека ако мирот не биде повторно воспоставен, конфликтот ќе се одрази на целиот регион.

Според ОН над половина од 12. милиони жители на Јужен Судан имаат потреба од помош, додека 2,5 милиони од ни се во ситуација на криза, фаза пред состојба на глад.

Поради конфликтот околу два милиони лица ги напуштиле своите домови, а во соседните земји избегале 500.000 лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска