ОН: Потребна е итна хуманитарна помош за еден милион деца во Источна Украина

Од:

Еден милион деца од источниот дел на Украина имаат потреба од итна хуманитарна помош, предупредува УНИЦЕФ, додавајќи дека за една година нивниот број двојно се зголемил.

Агенцијата на ОН наведува дека поради конфликтот во Украина 1,7 милиони лица ги напуштиле своите домови, а илјадници деца живеат во области кои се мета на гранатирања, додека една петтина од училиштата во источниот дел на земјата се оштетени или уништени.

ОН соопшти дека 3,8 милиони Украинци имаат потреба од помош поради конфликтот. Според планот на светската организација за оваа година, на Украина и се потребни 214 милиони долари за помош, а од таа сума досега се собрани само околу три милиони.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

A1on

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

A1on

Ковачевски: Македонија гласаше воздржано затоа што нападот на Хамас не беше спомнат во Резолуцијата

A1on

Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

A1on

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on