ОН побара дополнителни 4,6 милијарди долари за сириските бегалци во соседните земји на Сирија

Од:

ОН ги повикаа земјите донатори на Сирија да обезбедат дополнителни над 4,6 милијарди долари за помош на сириските бегалци во соседните земји, пренесува БТА.

– Сириските бегалци и регионите кои ги прифаќаат, повеќе од кога и да е имаат потреба од нашата поддршка, изјави Филипо Гранде, високиот комесар на ОН за бегалци, на меѓународна конференција за Сирија која се одржува денеска во Хелсинки.

ОН и околу 240 партнери (земји-донатори, невладини организации и меѓународни институции) официјално го претставија Планот за регионална помош за бегалците. Тој ќе биде во сила во 2017 година и 2018 година. Планот подразбира финансирање и организирање на меѓународна помош за 4,7-те милиони бегалци од Сирија, кои сега се во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. Оваа помош е наменета за регионите кои ги примаат бегалците.

Покрај дополнителните над 4,6 милијарди долари за помош на овие бегалци и на нивните домаќини, ОН смета дека се неопходни и 3,4 милијарди долари за оваа година за хуманитарна помош за 13,5-те милиони Сиријци кои останале во земјата. Тие честопати се наоѓаат под опсада во населени места и се лишени од храна, домување, грижа и пристап до образование.

– Страдањето на сирискиот народ не се намалува. Императив е ние да ги забрзаме нашите колективни напори за 13,5-те милиони мажи, жени и деца кои останале во Сирија, а кои имаат итна потреба од хуманитарна помош и заштита, изјави на конференцијата раководителот на хуманитарните операции на ОН Стивен О’Брајан.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он