ОН: Пет милиони луѓе досега избегаа од војната во Украина

Од:

Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, покажаа последните податоци на ОН.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека 4.796.245 милиони Украинци побегнале преку граница, а Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ) соопшти дека речиси 215.000 државјани на трети земји, исто така, побегнале во соседните земји.

Според проценките на експертите, ова е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

Податоците на УНХЦР денеска се за 59.774 повеќе отколку во четвртокот.

Повеќе од 2,7 милиони украински бегалци – речиси шест од десет кои ја напуштиле земјата од почетокот на војната – побегнале во Полска. Повеќе од 725.000 луѓе стигнале до Романија.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека речиси 645.000 Украинци избегале во февруари, речиси 3,4 милиони во март и повеќе од 760.000 во април.

Вкупно 90 проценти од луѓето што ја напуштаат Украина се жени и деца, додека мажите на возраст од 18 до 60 години не можат да ја напуштат земјата.

Речиси две третини од сите украински деца биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и оние кои сè уште се во земјата.

Речиси 215.000 државјани на трети земји кои избегале преку граница се главно студенти и работници мигранти.

Покрај бегалците, ИОМ проценува дека 7,1 милион луѓе ги напуштиле своите домови, но сè уште се во Украина.

Пред инвазијата, населението на Украина во регионите контролирани од владата, со исклучок на анектираниот Крим од Русија и регионите под контрола на проруските сепаратисти на исток, изнесуваше 37 милиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина