ОН: Не се собраа доволно средства за помош за загрозените во Непал

Од:

Обединетите нации минатата недела побараа 415 милиони долари помош за жртвите од земјотресот во Непал, но досега се собрани само 22,4 милиони, соопшти денеска Орла Фаган, претставничка на ОН за координација на хуманитарната помошш, пренесе Танјуг.

-Одговорот беше многу слаб, рече таа оценувајќи дека станува збор за „замореност на донаторите“ заради повеќе од десетината други меѓународни кризи, како што се конфликтите во Сирија и Ирак, каде, исто така, се ангажирани земји донатори, пренесоа француските медиуми.

Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што на 25 април го погоди северозападниот дел од непалската престолнина Катманду, погинаа најмалку 7.759 лица, повредени се повеќе од 16.000, а уништени се повеќе од 300.000 куќи.

Речиси две недели по овој разорен земјотрес, агенциите за давање помош се уште настојуваат да ги идентификуваат зафрлените области што се уште не примиле помош, а сето тоа пред почетокот на годишната сезона на монсуни, што настапува за неколку недели.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски