ОН: Не е постигната целта за помошта за Авганистан

Од:

Обединетите нации денеска соопштија дека 41 меѓународен донатор ветиле 2,44 милијарди долари хуманитарна помош за Авганистан, што е помалку од целта од 4,4 милијарди долари.

Ветувањата, за кои Светската организација рече дека се надева оти ќе бидат реализирани што е можно поскоро, беа дадени на виртуелна конференција на која домаќини беа Велика Британија, Германија и Катар.

Европската Комисија претходно се заложи да даде нови 113 милиони евра хуманитарна помош за Авганистанците, вклучително и раселените лица.

Заложбата во име на Европската Комисија ја даде комесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич за време на Конференцијата за Авганистан.

Средствата се наменети за медицинска нега, исхрана, образование, засолниште и заштита на цивилите.

Од овие 113 милиони евра 18 милиони одат за Пакистан и Иран кои примаат бегалци од Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична