ОН: Намален бројот на цивилни жртви во Авганистан

Од:

Бројот на цивилни жртви во Авганистан минатата година е намален за 12 проценти и изнесува 2,754 лица, соопшти мисијата на Обединетите нации во земјата.

Во воздушни напади на коалициските сили, предводени од САД, минатата година се убиени 126 цивили, што е за 50 проценти помалку од 2011 година, се наведува во извештајот на ОН.

Сепак, ОН изрази загриженост за зголемениот број цивилни жртви и кршење на човековите права, што е загрижувачки тренд во време кога САД и сојузниците работат на повлекување на своите војници кои учествуваат во борбени операции до 2014 година.

ОН во извештајот наведува дека се интензивирани нападите врз цивили извршени од страна на талибанците и останатите бунтовници, кои се одговорни за 80 проценти од цивилните жртви минатата година.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи вчера им забрани на авганистанските сили да бараат воздушна помош, во знак на протест поради убиството на пет деца, четири жени и еден маж во напад извршен минатата недела.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он