Светската програма за храна на ОН предупреди денеска дека на југот на Мадагаскар порасди сушата му се заканува голем глад поради кој може да умрат 400.000 луѓе.
Лога Кастро, регионален директор на програмата за Јужна Африка, рече дека за време на нејзината неодамнешна посета на Мадагаскар, таа имала можност да види дека ситуацијата во таа островска земја е „многу драматична и тешка“.
Стотици возрасни и деца се „исцрпени“, додаде таа.
Таа рече дека за 28 години работа во Светската програма за храна на четири континенти, никогаш не видела „нешто толку полошо“, освен во 1998 година во Јужен Судан.
Илјадници луѓе од руралните области отидоа во урбаните области во потрага по храна.
Владата на Мадагаскар и ОН бараат 155 милиони долари за да се обезбеди многу потребна храна и да се спречи поголем глад, рече Кастро.
Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, на Твитер објави дека постои опасност 400.000 луѓе да умрат од глад, и дека 14.000 луѓе живеат во услови на глад, и дека за неколку месеци бројот на оние на кои им се заканува гладување може да достигне половина милион.
Според него, цели семејства преживуваат јадејќи сурови плодови од црвен кактус и лисје и скакулци.
„Не е заради војна или конфликт, туку заради климатските промени. Овој дел од светот не придонесе ништо за климатските промени, но сега најмногу страда”, предупреди Бисли.
Според Програмата, 1,14 милиони луѓе во јужниот дел на Мадагаскар немаат доволно храна, вклучително и 14.000 живеат во „катастрофални“ услови, а нивниот број ќе се удвои до октомври.