ОН: Конфликтот во Украина сериозно зафатил 580.000 деца

Од:

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) соопшти дека конфликтот во Украина сериозно засегнал  580.000 деца во близина на линијата на фронтот и во регионите на немирниот исток од земјата што не се под контрола на Владата, пренесуваат американските медиуми.

УНИЦЕФ посочи дека 200.000 деца, или над една третина од засегнатите, имаат потреба од психосоцијална поддршка.

Претставничката на УНИЦЕФ за Украина, Џована Барберис, ги повика сите страни во конфликтот да осигураат „безбедно движење и пристап на хуманитарните организации до децата со потреби“.

Претходно годинава Фондот побара дополнителни 54,3 милиони долари за покривање на хуманитарните потреби на најранливите категории деца во зоните зафатени со  конфликтот.

– Двете години на насилство, пукања и страв оставија неизлечливи траги врз илјадници деца во источна Украина,забележа Барберис.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина