ОН ќе учествуваат во создавањето механизам за контрола на примирјето во Сирија

Од:

Обединетите нации ќе им помогнат на Русија, Иран и Турција да создадат трилатерален механизам за контрола на примирјето во Сирија и ќе учествуваат во експертските консултации во главниот град на Казахстан, Астана на 6 февруари, изјави специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура по состанокот зад затворени врати на Советот за безбедност.

Де Мистура истакна дека учесниците во дискусиите во СБ ги поздравиле намерите за свикување на 6 февруари на техничка средба за создавање на таков механизам.

Договорот за механизмот беше постигнат како резултт на внатрешносириските преговори во Астана на 23 и 24 јануари.

Претставникот на ОН напомена дека Русија, Иран и Турција се гаранти на примирјето.

Де Мистура потврди дека преговорите меѓу Дамаск и опозицијата во Женева се одложени за 20 февруари. Тој изрази надеж дека одложувањето ќе и овозможи на сириската Влада добро да се подготови за сериозен разговор, а на опозицијата да состави единствена делегација.

Де Мистура истакна дека ако опозицијата не успее да го определи составот на делегацијата до февруари, тој ќе биде принуден да избере кој ќе учествува во неа.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад