Советот за безбедност на ОН побара нигериската терористичка група Боко Харем да се смета за одговорна за злосторството кое е на ниво на злосторство против човештвото – киднапирањето на 276 ученички.
Едногласно усвоената резолуција беше најострата осуда на терористичките напади во Нигерија.
СБ изрази најдлабоко осудување за киднапирањето на 276 ученички на 14 април и осум девбојки на 5 мај, и побара тие веднаш и без условување да бидат пуштени на слобода. СБ на ОН, исто така, го осуди и нападот од 5 мај, во кој загинаа и повредени се неколку стотина луѓе.
СБ на ОН соопшти дека терористичките напади кои ги спроведувал Боко Харам од 2009 година предизвикале огромен број жртви и оти претставуваат закана по стабилноста и мирот во западна и централна Африка.
Водачот на Боко Харам – Абубакар Шекау се закани дека ќе ги продаде девојчињата, киднапирани на 14 април од училиште во државата Борно.
– Господ ми наложи да ги продадам, тие се негова сопственост и јас ќе правам како тој што ми наредил, рече Шекау.