Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права во Женева ја осуди денеска „широко распространетата и систематска употреба“ на прекумерна сила против демонстрантите во Венецуела.
Во соопштението се наведува дека венецуелските безбедносни сили се одговорни за најмалку 46 смртни случаи на демонстрантите.
Во истражување, кое го спровел тимот на ОН за човекови права, има сведоштва за систематска употреба на прекумерна сила и арбитрарно задржување на демонстрантите во Венецуела.
Истражувањето на канцеларијата на ОН за човекови права е спроведено во јуни и јули.