ОН ја осуди британската политика кон барателите на азил

Од:

Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) изрази силно несогласување со британсиот договор со Руанда, објавен денеска, според кој Руанда ќе прима мигранти и баратели на азил од различни националности кои пристигнале во Велика Британија.

– Луѓето кои бегаат од војна, конфликт и прогон заслужуваат сочувство и емпатија. Тие не треба да се тргуваат како стоки и да се префрлаат во странство за обработка, рече Џилијан Тригс, помошник Висок комесар за заштита при УНХЦР.

Договорот со Руанда е финансиран од Велика Британија со 120 милиони фунти и предвидува мигрантите чија националност и услови за пристигнување не се наведени, да бидат интегрирани во источноафриканската држава.

Британската Влада планира да донесе закон за создавање центри за мигранти во странство додека се обработуваат нивните барања, а можно е да и дозволат на крајбрежната стража да ги отстранува чамците со мигранти од британските води.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ