ОН изразија загриженост за хуманитарната криза во Хаити

Од:

Канцеларијата за координирање на хуманитарните активности на ОН (ОСНА) изрази загриженост за хуманитарната криза во Хаити и повика за меѓународна финансиска помош на најсиромашната американска држава.

– Во првите месеци на 2015 година имаме 300 процентно зголемување на случаите на колера во споредба со истиот период на 2014 година. Според податоците на ОН, околу 20.000 лица се погодени и 170 починале од епидемијата од почетокот на годината, изјави регионалниот началник на службата за Хаити Енцо ди Таранто.

Околу 8.800 жители на Хаити починале од колера по 2010 година, а денеска во Хаити има повеќе случаи на заболени од колера од сите други места во светот заедно.

Над три милиони од вкипно десет милиони жители на Хаити конзумираат нечиста вода.

Хуманитарната ситуација во земјата се отежнува и од сушата, со која се соочуваат неколку општини, како и поради падтот на вредноста на домашната валута.

Според Таранто неопходни се околу 25 милиони долари во следните четири до шест месеци за задоволување на основните хуманитарни потреби на земјата.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски