ОН ги обвини проруските сепаратисти и украинската армија за употреба на тортура

Од:

ОН денеска обвини дека и украинската армија и проруските бунтовници вршат тортура на мирни граѓани во источниот дел на Украина, каде конфликтот трае веќе осум месеци.

Во денеска објавениот нов извештај за човекови права ОН го осудува и влошувањето на условите за живот за 5,2 милиони лица, што се наоѓаат во зоната на конфликтот, а кои живеат во домови без вода и греење.

– Ситуацијата станува исклучително сложена за населението и особено за постарите, децата и лицата кои користат државна помош, многу од кои се на граница на опстанок, се наведува во извештајот. Во ноември украинската Влада прекина со исплата на социјална помош на териториите под контрола на бунтовниците.

Напорите на Владата да ја задржи територијалната целост на Украина и да воспостави ред во зоната на конфликт се проследени со произволни апсења, употреба на тортура и исчезнување на лица, осомничени за сепаратизам и тероризам, се наведува во извештајот.

– Поголем дел од овие кршења на човековите права најверојатно се извршени од некои волонтерски баталјони или од украинската Служба за безбедност, се наведува во извештајот.

ОН ги обвинува и бунтовниците дека со поддршка на странски борци создале „криминална држава“ во контролираните од нив региони во Доњецка и Луганска област.

– Редот и законот се почитуваат се помалку и злоупотреби како убиства, тортура, киднапирања и принудна работа се вршат од членови на вооружени групи, поддржани од странски борци, се наведува во извештајот.

Организациите за заштита на човековите права за кршење на човековите права ги обвинуваат ултранационалистите, кои се борат на страна на украинската армија, кои учествуваат во протестите во Киев, што доведоа до падот на прорускиот режим во февруари.

Според податоците на ОН од средината на април годинава досега во конфликтот во Источна Украина се убиени над 4.600 лица.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Трамп ја повлече Америка од Советот за човекови права на ОН

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото