Комитетот на ОН за правата на детето тврди дека џихадистите на ИСИС ги убиваат ирачките деца на најмонструозни начини, ги распнуваат, па дури и ги спалуваат живи, додека оние кои ќе преживеат стануваат нивни сексуални робови.
-Ние сме загрижени поради тортурата и убиствата на тие деца -велат експерти од оваа организација и додаваат дека тука не спаѓаат само децата од Језиди и христијанските заедници, туку дека нивна мета се и муслимански деца.
Според наводите припадниците на Исламска држава се повеќе ангажираат момчиња помлади од 18 години да бидат бомбаши самоубијци, шпиони, но и жив ѕид во тек на воздушните напади на САД и коалицијата.
-Извештаите покажуваат дека особено се злоупотребувани деца кои имаат ментални пречки, бидејќи тие и не разбираат што прават и за што се подготвуваат- тврдат од организацијата и ги повикуваат ирачките власти да ги повлечат децата од ИСИС и одговорните за злосторствата да ги изведат пред лицето на правдата.
Е. Г.