ОН: Драстично влошена состојба во бегалскиот камп Јармук

Од:

Во палестинскиот бегалски камп Јармук во сирискиот главен град Дамаск денеска продолжија судирите и гранатирањата, а според ОН состојбата во кампот е полоша од нехумана.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште се наоѓа во Лондон, соопшти дека сириските воздухопловни сили фрлиле неколку бомби врз бегалскиот камп.

Џихадистите на Исламска држава (ИД) влегоа во кампот минатата среда. Палестински претставници и сириски активисти тврдат дека ИД соработува со противниците „Фронтот Ал Нусра“, кој е поврзан со Ал Каеда.

Крис Гинес, портпарол на агенцијата на ОН за палестинските бегалци, изјави доцна синоќа дека Агенцијата не можела да испрати храна, ниту конвој во кампот, откако се започнати борбите.

– Тоа значи дека таму нема храна, вода и лекови, истакна Гинес, предупредувајќи дека „ситуацијата во кампот е полоша од нехуманата. Има известувања за борбардирања. Тоа мора да престане, а цивилите да бидат евакуирани.

Тој нагласи дека досега 93 лица од бегалците се евакуирани од кампот. ОН наведува дека околу 18.000 цивили, вклучувајќи голем број на деца, се наоѓаат во Јармук.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски