ОН: Докази дека Ким Џонг-ун е виновен за масовно кршење на човековите права

Од:

Претставник на ОН изјави на форум во Сеул дека има доволно докази за да биде обвинет севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за масовни кршења на човековите права, извршени од државата.

Изјавата на Марзуки Дарусман, специјален известувач за човекови права во Северна Кореја, е една од најкатегоричните изјави на претставник на ОН за одговорноста на Ким Џонг-ун за масовни кршења на човековите права во Северна Кореја.

Истрагата на ОН во извештајот на 17 февруари заклучува дека раководители на севернокорејските служби за безбедност, а можно и самиот Ким треба да бидат изнесени пред меѓународна правда поради издавање наредби за систематска тортура, подложување на глас и убиства.

Според Дарусман врз основа на извештајот ОН веќе се во позиција директно да го обвини севернокорејскиот лидер за злосторствата.

Нацрт-резолуцијата на ОН, подготвена од ЕУ и Јапонија, повикува Северна Кореја да биде изнесена пред Меѓународниот кривичен трибунал за злосторства против човештвото.

Пјонгјанг ја отфрли истрагата на ОН како дел од американски заговор.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он