ОН: Бројот на Рохинџи бегалци порасна на 480.000

Од:

Обединетите Нации проценуваат дека околу 480.000 Рохинџи биле принудени да побегнат од Мјанмар во соседниот Бангладеш во изминатиот месец, да се заштитат од нападите на мјанмарската армија врз нивните градови и села.

Според најновиот извештај на Обединетите Нации, само во изминатите два дена имало 45.000 нови бегалци, додека уште 35.000 Рохинџи биле регистрирани како бегалци во неколкуте кампови што се отворени за нивен прием.

Бангладеш веќе има примено над 300.000 Рохинџи од претходните меѓуверски воени судири во Мјанмар, каде главно будистичката армија се бори против Рохинџите, кои пак се главно муслимани. Околу 2.350 бегалци биле примени со тешки повреди, а за стотици лица се смета дека биле убиени во нападите на армијата.

Новата рунда насилства во Мјанмар започна на 25 август, кога поголема вооружена група Рохинџи ја нападнаа мјанмарската армија, по што армијата започна широка офанзива. Генералниот Секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш најави дека Советот за Безбедност ќе заседава в четврток.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници