ОН бараат 2,2 милијарди долари за борба против колерата на Хаити

Од:

Обединетите нации апелираат до меѓународната заедница да собере 2,2 милијарди долари, средства со кои во текот на десет години ќе се финансира кампањата за искоренување на епидемијата на колера на Хаити.

Како предизвикувачи на епидемијата, при што настрадаа повеќе од 7.500 луѓе, експертите ги наведуваат непалските војници од силите на ОН на Хаити, што Светската здравствена организација никогаш официјално не призна.

Седумдесет отсто од 2,2 милијарди долари ќе бидат изградени за водоводна и канализациска мрежа, како и за набавка на орална вакцини против колерата. За првите две години од кампањата потребно е да се соберат 500 милиони долари, од кои светските донтори веќе обезбедија 215 милиони, а ОН – 23,5 милиони долари. ОН досега во борбата против колерата на Хаити вложи 118 милиони долари.

Од почетокот на епидемијата во октомври 2010 година на Хаити регистрирани се 620.000 заболени од колера.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски