ОН бара запирање на воените активности на Голанската висорамнина

Од:

Советот за безбедност на ОН остро ги осуди неодаменшните судири меѓу сириската армија и опозициските борци на Голанската висорамнина и побара да се прекине со сите воени активности во регионот, што од 1974 година е поделен од сириските и израелските вооружени сили, пренесоа американските медиуми.

Едногласно донесената резолуција е во согласност со стравувањата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, дека воените дејствија во регионот можат да ја зголемат напрегнатоста меѓу Израел и Сирија и да му се заканат на примирјето меѓу двете земји.

Резолуцијата го продолжува мандатот на мисијата на ОН, која до 31 декември ќе го следи почитувањето на израелско-сириското примирје.

Во неделата сириските вооружени сили од нивна територија нападнаа израелски цивилен автомобил што ја минувал Голанската висорамнина. Во нападот загина тинејџер и беа ранети две други лица.

Израелските воено-воздухопловни сили возвратија погодувајќи неколку цели во Сирија, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски