Ризикот од новооткриената Омикрон варијанта е голем објави Светската здравствена организација.
Во соопштението од утрово, СЗО им дава насоки на земјите поврзани со новиот сој. Од организацијата велат дека ширењето на Омикрон низ светот е извесно.
? Technical paper on the #COVID19 variant of concern, Omicron. It includes a set of preparedness actions for countries ⬇️ https://t.co/SH1VGbuoka
— World Health Organization (WHO) (@WHO) November 29, 2021
СЗО исто така предупредува дека би можело да дојде до сериозни последици во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, кои уште се истражуваат.
„Омикрон има огоромен број мутации од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата“ – велат од СЗО.
СЗО исто така предупрдува на можноста на појава на нови бранови.
„Со оглед дека мутациите можат да ги избегнат стекнатиот имунитет како и поради можноста за поголем степен на преносливост, голема е веројатноста за ширење на Омикрон на глобално ниво. Проценката е дека вкупниот глобален ризик поврзан со новиот сој е многу висок“ – порачуваат од СЗО.
Светската здравствена организација им посочи на земјите членки да ги прилагодат условите за патување.